Тешко дека постои човек, кој не е запознат со негативните ефекти кои ги имаат цигарите на нашето здрацвје. Срцевите, белодробните, гастроинтестиналните и кожните заболувања се само мал дел од проблемите, до кои води пушењето. Како што е познато, во цигарите и поконкретно во чадот од цигарите се содржат голем број состојки кои се токсични за организмот, како катрани, бензопирен, никотин, тешки метали, вклучувајќи и јаглероден оксид. Тие материи покажуваат негативно дејство на целиот организам, вклучувајќи и на оралното здравје. Во претстојната статија ќе разгледаме неколку механизми на влијание на цигарите на здравјето на гингивите, имено:
1. Високото количество на јаглероден оксид во чадот од цигарите предизвикува дисбаланс во усната шуплина и создава поволна средина за развој на анаеробни бактерии. Анаеробната (бескислородна) средина е поволна средина за размножувањето на тие бактерии, кои создаваат штетни токсини и ензими, кои поттикнуваат воспалителен процес.
2. Токсичните материи во цигарите ги стегаат крвните садови на лигавицата во усната шуплина, при што се намалува крвотокот и хранењето на гингивите и тие стануваат подложни на воспаление во форма на гингивит или пародонтопатија (пародонтит).
3. Пушењето предизвикува спазам на периферните крвни садови и на тој начин го намалува протокот на крв и соодветно кислород и хранливи материи кон ткивата на гингивите.
Поради тоа што чадот од цигарите содржи катрани кај пушачите со текот на времето започнува обојување на гингивите и тие добиваат потемна боја. Често кај пушачите се забележува и лош здив или т.н. халитоза.
Специјалистите категорично потврдуваат, дека одржувањето на добра орална хигиена кај пушачите е од особено значење за заштита од проблемите со гингивите. Освен почестото миење на забите, стоматолозите ја препорачуваат и употребата на Инсадент. При почетни симтоми на гингивит или пародонтопатија (пародонтит) или како средство за профилакса, Инсадент е ефикасно решение, со што повторно ќе си ја вратите насмевката. Благодарение на состојките во производот кои се целосно природни, може да се употребува подолго време и е комплетно безбеден.