причини за пародонтоза

Пародонтопатијата (парадонтит) претставува хронично воспаление на гингивите, при кое што освен гингивалните ткива засегнати се и соседните сврзни ткива. Во напредни случаи може да дојде до воспаление на алвеоларната коска, којашто е одговорна за задржувањето на забот.

Причини за пародонтопатијата

Заболувањето има полиетиологичен (многу факторен) карактер. Една од најчестите причини за појава на парадонтоза се различните микроорганизми (стрептококи, стафилококи и др.), кои што се сретнуваат во забната плака и забниот камен. Некои фактори како стрес и пушење се причина за појава на заболувањето и го отежнуваат неговото протекување. Различни анатомски аномалии во загризот, ортодонтски проблеми и појавата на кариес на забите помагаат за образувањето на забна наслага и забен камен, која е подлога за развој на парадонтоза. Зголемените нивоа на шеќер во крвта кај дијабетичари, промените во хормонските нивоа (на пример при бременост) исто се важни за развојот на парадонтоза. Заклучено е дека некои видови парадонтоза имаат генетска зависност. Ненавременото лечење на гингивит во голем дел од случаите преминува во парадонтоза.

Клинички симптоми при пародонтопатија

Во првите стадиуми симптомите на заболувањето не се јасно изразени, поради бавната прогресија. Првично симптомите се поврзани со слаби болки во устата, непријатен вкус, печење, мало крварење од гингивите (спонтано или при миење на забите) и нивно зацрвенување. Со тек на време започнува образување на џебови околу самите заби (парадонтални џебови), а потоа и околу самата алвеоларна коска, за која е поврзан соодветниот заб (коскени џебови). Поради настанатото акутно воспаление на гингивите (гингивит) бавно и постепено започнува соголување на забите, при што нивните вратови и корени стануваат видливи. Поради нарушување на сврзно-ткивните влакна, кои го држат забот и ресорпција на алвеоларната коска започнува неговото разнишување.

Видови пародонтопатија

Според тежината на протекување, парадонтозата може да се развие во форма на серозно или гнојно воспаление. Серозното воспаление протекува во полесна форма и е поврзано со постојана болка, пациентите често се жалат на лош здив, печење и чешање во пределот на гингивите. Кај серозната парадонтоза болката може да се намали со употреба на аналгетици. При консумација на ладни напитоци се стегаат периферните крвни садови во гингивата, нешто кое води до намалување на напрегањето на периодонталната мембрана и намалување на болката. Гнојната форма на парадонтоза протекува многу потешко, често со различни компликации, примарно на кардиоваскуларниот систем. Болните се жалат на многу лош здив и болка при допир со јазик на засегнатото место. При ненавремено лекување доаѓа до разнишување на забите и нивна загуба.

Лечење на пародонтопатија

Парадонтозата е заболување, кое може да биде излекувано. Заклучено е дека употребата на антибиотици не дава задоволувачки резултати, а и се широко познати и нивните несакани ефекти. Од големо значење за спречување на појава на заболувањето е профилаксата, поврзана со усната хигиена на секој човек. Профилактичките мерки, кои го спречуваат равојот на парадонтоза вклучуваат редовна замена на четката за заби (на околу 3 месеци), со што се избегнува контаминирање (загадување) со бактериите кои се залепени на неа, миење на забите најмалку два пати дневно, редовно чистење на забните наслаги и забниот камен од страна на специјалист. За лечење на парадонтозата се почесто се користат различни хемиски препарати како хлорхексидин и други.

Производот Инсадент на фирмата Борола е комплетно природен производ и содржи две активни состојки кои взаемно се надополнуваат и покажуваат противвоспалително и регенерирачко дејство на сврзното ткиво и епителот во усната шуплина. При употреба на Инсадент се намалува ресорпцијата на алвеоларната коска, се зголемува продукцијата на плунка и се намалува нејзиниот вискозитет. При пародонтопатија успешно може да се применува Инсадент, кој е со докажан терапевтски ефект и нема несакани ефекти при долготрајна употреба.