Како изгледа здравата гингива?

Кога е здрава гингивата, изгледа бледорозева со зрнеста површина. Недостасуваат знаци на воспаление (црвенило, оток и крварење при четкање на забите).

Како изгледа воспалена гингива?

Воспалената гингива е зацрвенета, подуена, болна и чувствителна на допир. Често се забележува крварење особено при миење (четкање) на забите и јадење на поцврста храна.

Има ли разлика меѓу пародонтопатија и парадонтит?

Двата термини практично означуваат едно и исто нешто, имено хронично воспаление на гингивите. Во јавноста е популарен и распространет терминот пародонтопатија, додека кај стоматолозите се користи почесто терминот парадонтит.

Има ли поврзаност меѓу гингивит и пародонтопатија?

Много често при ненавремено лекување на гингивитот тој преминува во пародонтопатија и воспалителниот процес хронифицира и се продлабочува.

Какви профилактички мерки треба да се применуваат за спречување на развојот на гингивит и пародонтопатија?

Профилактичките мерки за спречување на развојот на гингивит и пародонтопатија вклучуваат
редовна замена на четката за заби (на околу 3 месеци), со што се избегнува контаминирање (загадување) со прилепените бактерии на неа, миење на забите најмалку два пати на ден, редовно чистење на забниот плак и забниот камен од специјалист или најопшто кажано одржување на високо ниво на орална хигиена од секој човек.

Кои се предностите на Инсадент пред употребата на антибиотици и хемиски препарати при воспаление на гингивите?

Докажано е, дека лечењето со антибиотици при воспаление на гингивите често не води до задоволителни резултати. Често при подолга употреба на антибиотици се набљудуваат голем број несакани ефекти и се инхибира развојот на корисната микрофлора во организмот.

Кои се најважните примени на Инсадент?

Инсадент се применува успешно при акутно воспаление на гингивите (гингивит), хронично воспаление на гингивите (пародонтопатија), за отстранување на лош здив во усната шуплина, при секундарна ксеростомија (сувост во устата) од медикаментозно потекло.

Може ли Инсадент да се користи долго време и дали има несакани ефекти?

Инсадент е природен производ и е практично безбеден. Нема несакани ефекти при подолга употреба.

Колкав временски период треба да се зема Инсадент за да се постигне оптимален ефект?

За постигнување на оптимален ефект Инсадент треба да се зема 3 месеци.