Insadent е одлично средство за лечење и профилакса на воспалителни заболувања на гингивите

Д-р Моника Барбова, стоматолог

Insadent solucaps е одлично додатно средство на комплексната терапија која се користи при заболувања на гингивите. Содржи висококвалитетен стандардизиран екстракт од пченка т.н. Zea Mays 30мг и фолна киселина 200 микрограми. Активните состојки се наоѓаат во поефикасна маснорастворлива форма – solucaps.

Insadent има противвоспалително и регенерирачко дејство на сврзното ткиво на гингивите и околните структури. Ја намалува ресорпцијата на алвеоларната коска. Ја зголемува продукцијата на плунка и ја намалува нејзината вискозност.

Поради сето ова Insadent се користи при:

  • Воспаление на гингивите и парадонтот, како гингивит, пародонтит и др.;

  • После рутунска терапија – чистење на забен камен, терапевтска киретажа и др.;

  • При секундарна ксеростомија од медикаментозно потекло (при лечење со антидепресиви, транквилизатори и др.)

Insadent се дозира на следниот начин – при гингивит и пародонтит: 2 пати по 1 течна капсула дневно непосредно пред јадење во период од 3 месеци. Ако има потреба курсот може да се повтори.

Во праксата имам забележано одлична подносливост на Insadent и при подолготрајна употреба. Го препорачувам Insadent како уште едно средство за зголемување на ефикасноста во борбата со пародонтопатија.

borola
0 Коментарa
Вградени отзиви
Вижте всички коментари
0
Бихме се радвали на вашето мнение. Моля, коментирайте!x
()
x