10 полезни совети за одржување на усната хигиена

1. Се препорачува да користите четка со меки влакна. Тврдите четки може да го повредат емајлот на забите при што тие можат да станат почувствителни.

2. Стоматолозите препорачуваат четката за заби да се променува на околу 3 месеци, со што се изегнува контаминирање (загадување) со бактериите залепени на неа, кои можат да бидат причина за гингивит или пародонтопатија.

3. За постигнување на оптимален ефект од миењето на забите, четкањето треба да трае минимум 3 минути.

4. Четкањето на забите се врши со лесен притисок и кружни движења. При користење на силен притисок постои реална опасност од повлекување на гингивите (рецесија) и повреда на забниот емајл.

5. При избор на електрична четка за заби стоматолозите ги препорачуваат оние со кружна главичка, бидејќи тие се поефективни.

6. Користените пасти за заби треба да се променуваат после определен временски период.

7. Пастите за белење на забите не се препорачуваат за долготрајна употреба, поради опасност од повреди на забниот емајл.

8. При четкање на забите обрнувајте внимание на сите достапни површини, особено на крајните катници, поради опасност од задржување на остатоци од храна во тие делови.

9. За чистење на просторот меѓу забите користете интердентални четки или конци за заби.

10. При миење на забите одделете и време и за чистење на јазикот – со четката за заби или со специјални стругалки, кои се продаваат во аптеките. На тој начин ќе ги отстраните микроорганизмите кои се налепени на јазикот и често се задржуваат на него.

Не заборавајте, дека одржувањето на високо ниво на усна хигиена е од исклучително значење за профилаксата на воспалителните заболувања на гингивите (гингивит или пародонтит/пародонтопатија), како и за спречување на образувањето на кариес и други компликации за забите.

borola
guest
0 Коментарa
Вградени отзиви
Вижте всички коментари
0
Бихме се радвали на вашето мнение. Моля, коментирайте!x
()
x