За многу луѓе интерденталните четки не се сосема познати и популарни. Тоа се вид на четки, кои наликуваат на стандардните, но се со доста потенок работен дел. При одредени случаи интерденталните четки се незаменливи. Со користење на тој вид на четки се стигнува до тешко достапните места, како просторот меѓу забите и на тој начин се отстрануваат остатоците од храна и забните наслаги.
Забната наслага е одлична средина за развој на бактерии, а кога не е отстранета се претвора во забен камен, кој е еден од факторите, кои ја предизвикуваат пародонтопатијата (пародонтит) и гингивит. Интерденталната четка се користи и за чистење на конструкции на мостови и брикети. Тие примарно се разликуваат по големината и по ширината на работниот дел.
Работниот дел на интерденталните четки претставува мала глава со цилиндрична форма и коси дијаметрално поставени снопчиња. Должината, дијаметарот и формата на интерденталните четки се различни. Широчината на главата се одбира во зависност од растојанието меѓу забите и конкретните потреби на пациентот. Понекогаш се препорачува користење на повеќе од еден тип на глави. Основното, кое треба да се земе во предвид при изборот на четка е ширината на просторот меѓу забите, присуството на импланти, мостови и др.
Во аптеките се препорачуваат два вида четки – со правоаголна и со права форма. Четките со исправен работен дел се погодни за чистење на предните заби, а тие со правоаголна форма – за задните заби. За полесна употреба, четката за задните заби има подолга дршка.
Како да ја користиме интерденталната четка?
Користењето на интердентални четки е доста лесно. Четката се вметнува во просторот помеѓу два заби блиску до основата на гингивата, без да се употребува силен притисок. Ако почувствувате потешкотија при навлегувањето на четката најверојатно имате потреба од помала големина. После поставување на четката, движете ја напред-назад со цел да ги исчистите истовремено површините на двата заби и гингивата. Повторете ја постапката со сите заби, таму каде што растојанието дозволува.