Што Insadent_MK_Lсoдржат Инсадент® solucaps?

Секоја капсула сoдржи висококвалитетен стандардизиран екстракт од десапонизирана фракциja на Zea Mays (пченка) 30mg и фолна киселина 200mcg. Активните состојки на Zea Mays претставувaат природна смеса од фитостероли 60-70%; антиоксиданси, вклучувајќи токофероли 10-20%, јаглехидрати 5-8% и состојки со естрогено, андрогено и гонадотропно дејство. Состојките на Инсадент® се проучени во однос на ефикасноста и безбедноста кај пациенти со гингивит и пародонтоза. Процесот на стандардизација ја гарантира чистотата и ефикасноста на секоја капсула. Инсадент® течните капсули, се разликува од другите препарати по квалитетот на состојките, фармацевтската форма и технологијата на производство. Активните состојки се наоѓаат во поефективна маснорастворлива форма. Solucaps (течни капсули) е трговска марка на фирмата БОРОЛА. Таа форма дозволува брзо и целосно усвојување на активните состојки и обезбедува моќно дејство.

Како Инсадент® solucaps делува на гингивите?

Активните состојки на препаратот покажуваат синергистички и комплексен фармакодинамичен ефект со противвоспалително и регенерирачко дејство на сврзното ткиво и епителот на усната шуплина, намалување на ресорпцијата на алвеоларната коска, зголемено производство на плунка и намалување на нејзината вискозност. Клиничките и лабораториски податоци покажуваат дека Инсадент® има противвоспалително и регенерирачко дејство на сврзното ткиво и епителот на усната шуплина; ги намалува наслагите; ја намалува ресорпцијата на алвеоларната коска преку стимулација на остеоцитите и ја намалува подвижноста на забите.

Кога да примаме Инсадент® solucaps?

Инсадент solucaps се зема при некои заболувања на гингивите и парадонтот: воспаление на гингивите и парадонтот (гингивит и парадонтоза); за отстранување на лош здив во устата и при секундарна ксеростомија (сувост во устата), предизвикана од употреба на лекови.

Како да го земаме Инсадент® solucaps?

При гингивит и парадонтоза Инсадент® solucaps се зема по 1 течна капсула 2 пати дневно во период од 3 месеци. По потреба курсот може да се повтори. При други состојби препаратот се зема од 1 до 2 течни капсули дневно. Инсадент® solucaps треба да се зема непосредно пред јадење.

Инсадент® solucaps не се препорачува кај мали деца. Не се забележани интеракции со лекови и други контраиндикации. Инсадент® е природен производ и целосно безбеден. Нема несакани ефекти при подолготрајна употреба.

Купи сега онлаjн

Къде мога да си купя Инсадент Продуктите можете да намерите в аптеките, в Магазини Здраве и Природа и електронен магазин МОМО.КУПИ СЕГА ОНЛАЙН