Денталното здравје при остеопороза

Остеопорозата е заболување, поврзано со загуба на коскена маса. Коските ја губат густината, стануваат покревки и кршливи. Од остеопороза е засегната популацијата на средна и над средна возраст, почесто жените. Огромен процент од возрасните луѓе во светот страдаат од неа. Таа се должи на деминерализацијата на коските, предизвикана од намален внес на калциум или витамин Д, кој го помага неговото усвојување и натрупување во коските. Загубата на густината и јачината ја афектира секоја коска на болниот и зачестуваат фрактурите и скршениците.

Остеопорозата предизвикува истенчување и ресорбирање на коските на вилицата. Зафаќањето на алвеоларната коска, која ги врзува забите со вилицата, води до разнишување и неповратно паѓање и загуба на забите.

Стандардните остеоресорптивни средства, кои се препишуваат за лечење на остеопороза како на пример бисфосфонатите, во некои случаи водат до остеонекроза на алвеоларната коска – нарушување на нормалниот проток на крв и разрушување на коската.

Секое неповолно дејство на алвеоларната коска реално води до проблеми со забите, независно дали има некроза или не. Разнишувањето и загубата на заб со себе носат ризик од воспаление и развој на дентално заболување. Бактериите во усната шуплина лесно можат да ја искомплицираат ситуацијата и да доведат до посериозни здравствени проблеми.

Ресорпцијата на алвеоларната коска и воспаленијата на усната шуплина се проблеми, при кои има потреба од примање на Инсадент. Тој е комплетно безбеден, природен производ, докажано ефикасен при сувост во устата, гингивит, пародонтопатија и други дентални проблеми. Обезбедува целосна поддршка за одржување на усната хигиена со примање на една течна капсула два пати на ден пред јадење.

Кога освен коскено-воспалителните проблеми во усната шуплина се забележува и целосно намалување на коскената густина, важно е да се мисли за обновување на коскено-минералната функција со производи како Остеобор Форте – цела борба со остеопорозата во една капсула.

borola
guest
0 Коментарa
Вградени отзиви
Вижте всички коментари
0
Бихме се радвали на вашето мнение. Моля, коментирайте!x
()
x