Како да ги миеме забите?

Основен принцип е забите да се мијат наутро и навечер околу 3 до 5 минути. Најголемо значење за ефикасното чистење на забите нема толку видот на четката за заби и пастата, колку правилните движења со четката за заби. Многу од луѓето и покрај редовното миење на забите не успеваат ефикасно да ги отстранат забните плаки, што се должи на неправилните техники на четкање.

Основни познати техники за четкање на забите

Dental flush - woman flossing teeth smiling happy with perfect tЧетката за заби се поставува во хоризонтална положба, така што аголот на влакната за чистење да е околу 45 степени кон гингивата. За горната вилица се започнува од катниците на едната страна со кружни и „мокри“ движења во насока од гингивата кон забот. На секој заб се издвојува по минимум 10 секунди. На истиот начин се чистат надворешните површини на долната вилица. Кај надворешните површини на забите четката се поставува за горната вилица од кон непцето, за долна – од кон јазикот и со кружни и „мокри“ движења од гингивата кон забот се чисти внимателно. Во областа на предните заби четката се поставува вертикално и со неколку „мокри“ движења се чисти. На крајот со четката се поминува по површините за џвакање на забите и се четка со движења напред назад. Пожелно е да се чисти и јазикот, за да се отстранат бактериите, кои предизвикуваат лош здив. После тоа следи плакнење на устата со вода и темелно миење на четката. При миење само со четка и паста се чистат три од петте површини на забите. Преостанатите апроксимални површини имаат потреба од специјална грижа, за да не се дозволи ретенција (задржување) на остатоци од храна и плака. За таа цел се користат конци за заби, интердентални четки, воден туш со антисептични раствори.

Редовното и правилно миење на забите штити од развој на кариес и воспалителни заболувања на гингивите, како гингивит и пародонтопатија (пародонтит).

guest
0 Коментарa
Вградени отзиви
Вижте всички коментари
Къде мога да си купя Инсадент Продуктите можете да намерите в аптеките, в Магазини Здраве и Природа и електронен магазин МОМО.КУПИ СЕГА ОНЛАЙН
0
Бихме се радвали на вашето мнение. Моля, коментирайте!x
()
x