гингивит

Гингивитoт претставува акутно воспаление на гингивите и обично преминува во парадонтоза, особено при ненавремено лечење.

Причини за гингивит

Основен фактор за развој на гингивит е присуството на микроорганизми, коишто се наоѓаат во забниот плак и забниот камен и се нормални жители на усната празнина. Како и при пародонтопатијата, при гингивитот има многу фактори за развој на заболувањето, при коешто микроорганизмите од забната плака започнуваат да се размножуваат и одделуваат ензими и токсини. Такви се неквалитетно изработените пломби, коронки, мостови, протези или ортодонтски апарати, кои ги задржуваат плаките, како и неправилниот залак. За развој на гингивит голема улога играат хормоналните промени во организмот во одредени периоди (бременост, менструација, пубертет). Пушењето е исто фактор, поради развој на анаеробна микрофлора, која што е исклучително патогена (штетна). Високата содржина на јаглерод диоксид во цигарите води до дисбаланс во усната шуплина и создавање на благопријатна средина за развој на анаеробните бактерии.

Клинички симптоми при гингивит

Најкарактеристичниот симптом при гингивит е крварењето од гингивите, коешто се појавува особено при миење (четкање) на забите и при џвакање на поцврста храна. Гингивите стануваат црвени и сјајни. Често се формира венечен џеб, во којшто се натрупува забна плака и забен камен. При потешки случаи на гингивити се набљудува одлепување на гингивата од забот и во некои случаи секреција на крв и гној.

Лечење на гингивитот

Од големо значење за резултатот од лечењето на гингивита е чистењето на забниот плак и забниот камен и одржувањето на добра орална хигиена. Лечењето со антибиотици и употребата на хемиски препарати често не води до задоволителни резултати.
Ненавременото лечење на гингивитот преминува во хронична инфекција, имено парадонтоза (парадонтит). Гингивата станува уште поцрвена, крвните садови се рашируваат, започнува формирањето на венечен џеб, а потоа и на коскениот џеб. Гингивата се повлекува од шииката на забот и се гледа коренот. Во напредни случаи на заболувањето забот се разнишува и може да биде изгубен.
Производот Инсадент на фирмата Борола е целосно природен производ и содржи две активни состојки кои се надополнуваат (стандардизиран екстракт од десапонизирана фракција на пченка и фолна киселина), кои поседуваат противвоспалително и регенерирачко дејство на сврзните ткива и епителните клетки во усната шуплина. При употреба на Инсадент престанува ресорбцијата на алвеоларната коска, ја зголемува продукцијата на плунка и го намалува нејзиниот вискозитет. При гингивит успешно може да се примени производот Инсадент, кој е со докажан терапевтски ефект и нема несакани ефекти при подолга употреба.