+Апсцес

Празнина, исполнета со гној и ограничена од околните ткива со фиброзна капсула, предизвикана од инфекција.

+Автоантитела

Антитела, кои се обрaзуваат против сопствените антигени во организмот; имуниот систем делува патолошки и своите клетки ги смета за туѓи; нивното производство во организмот се поврзува со некои заболувања, при кои се напаѓаат сопствени ткива или клетки, т.н. автоимуни заболувања.

+Автоимунитет

Состојба, која се карактеризира со специфични антитела (антифосфолипидни антитела или антитела против ДНК), или клетки (како природните клетки-убијци), кои делуваат на молекули или состојки на сопствените ткива на организмот и причинуваат заболувања како реуматоиден артрит, лупус и др.

+Антиоксиданс

Супстанција, која ги блокира или ги спречува деструктивните оксидациони реакции, и ги отстранува или уништува слободните радикали. Примери – витамини А, С и Е, минералот селен, ензимите каталаза и супероксиддисмутаза, коензим Q10, и комбиниран препарат Oxybor Forte.

+Агамаглобулинемија

Состојба, при која недостасуваат или се намалени имуноглобулините во серумот; тие лица се особено склони кон инфекции поради немање на можност да образуваат антитела кон бактериските антигени.

+Агранулоцитоза

Големо намалување на општото количество на неутрофилните леукоцити (вид бели крвни зрнца) во крвта, со карактеристичен развој на чести инфекции.

+Адаптивен (Стекнат) имунитет

Адаптивниот имунитет се развива преку целиот живот. Начините за негово развивање се прележување на одредена болест или вакцинација. Ефикасноста на стекнатиот имун систем зависи од неговата способност да го препознае „туѓиот“ материјал, да одговори на неговото присуство и да го ликвидира на соодветен начин. Кога се среќава со нов микроб или вакцина се постигнува имун одговор. Неопходни се денови или недели, за да одговори или да се адаптира, но стекнатото подобрување на имуната готовност или „меморија“, се зачувува долго време (години).

+Активен имунитет

Производство на антитела од имуниот систем, при средба со конкретни антигени, стекнати или преку заразување или преку вакцинирање.

+Алергија

Погрешна (прекумерна заштита) реакција на имуниот систем, вообичаено развиена против, на прв поглед „безбедни“ супстанции од околната средина, кои се познати како алергени. Тоа е состојба, која го активира имунитетот против различни нешта кои можат да влезат во телото – треви, полен, мувли и др. Имунитетот, при оваа состојба вклучува специјално антитело, наречено IgE. Кога ќе се сретне со алергени (полени, мувли, антибиотици), имуниот систем создава воспаление, кое може да доведе до чешање, астма, црвени очи и др.

+Алерген

Секоја супстанција со својства на антиген, која има способност да предизвика алергиска реакција во даден организам, е позната како алерген (мувла, треви, антибиотици и тн.)

+Анатоксин (Токсоид)

Модифициран или инактивиран бактериски токсин, кој ја загубил својата токсичност, но ги зачувал антигените и имуногените својства.

+Анафилакса (Анафилактичка реакција)

Тешка, потенцијално опасна по живот алергиска реакција од брз тип (пречувствителност), која е резултат на дејството на IgE антителата. Се манифестира со локално зацрвенување, чешање по кожата, создавање на оток, оток на ларинксот, спазам на мазната мускулатура, хипотонија, и може да доведе до колапс или анафилактичен шок.

+Антитела

Глобулини (протеини), кои се произведуваат од клетките на плазмата како одговор на стимулација од антиген (туѓи супстанции) како бактерии или вируси. Антителата го штитат организмот од болести, така што се врзуваат со овие организми и ги уништуваат. Тие ја создаваат хуморалната имуна заштита на организмот, и се нарекуваат имуноглобулини.

+Алоген

Се однесува на генетските разлики помеѓу индивидуи од еден ист вид.

+Алографт

Пресадување на ткиво или орган помеѓу алогени лица.

+Анергија

Потенцијално спротивна специфична имунолошка толеранција, при која лимфоцитите стануваат функционално неактивни.

+Антиген

Секоја супстанција, која може да биде препозната од антителата или од Т-клеточниот рецептор и која предизвикува и создава имун одговор. На пример, при вакцинирање против морбили, вирусот на морбили е антиген. Како резултат на тоа се создава антитело, кое штити од развој на морбили.

+Атопична алергија

IgE-посредувана пречувствителност, т.е. астма, егзема, алергиска настинка и алергија на храна.

+Aдјувант

Адјувантите се соединенија, кои се додаваат на вакцината, за да се зголеми нејзината имуногеност, како на пример, алуминиум хидроксид.

+Автореактивни

Имуни клетки, кои создаваат одговор против сопствените клетки или ткива на организмот.

+Биолошки бариери

Првиот слој на телото за заштита против штетните микроби (кожата е одличен пример).

+Бели крвни клетки

Некои од крвните клетки, кои се безбојни, поради тоа што не содржат хемоглобин, и содржат јадро. Во нив спаѓаат лимфоцитите, дендритичните клетки, моноцити, неутрофили,еозинофили и базофили, наречени леукоцити.

+Базофили

Тип на гранулоцити (бели крвни клетки) во крвта.

+БСЖ (BCG – Bacille Calmette-Guérin)

Атенуирани Mycobacterium туберкулоза се користат како специфична вакцина за туберкулози и како адјувант.

+Б-лимфоцити (Б-клетки)

Вид на лимфоцити, кои првенствено учествуваат во антитело-посредуваниот имунитет. Тие создаваат антитела, кои се поврзуваат со микроби кои циркулираат во крвта, при што не можат да инфицираат други клетки.

+Ваксинален агенс

Термин за опишување на различните комбинации на агенси, кои се користат за имунизација. Тие можат да бидат моновалентни (антиген) или мултивалентни (неколку антигени) вакцини. Терминот „вакцина“ може да се користи како синоним на вакцинален агенс.

+Вакцинација

Метод за создавање на активен имунитет против инфективни болести, преку внесување на вакцини во организмот на човекот.

+Вроден имун систем

Дел од имуниот систем, кој се состои од комбинација на генетски кодирани одговори против патогени и не се променува или адаптира во текот на животниот циклус на организмот. Вродениот имунитет вклучува брзо мобилизирана заштита, предизвикана од рецептори, кои препознаваат поширок спектар на микроби. За разлика од стекнатиот имунитет, нема меморија за подобра реакција за време на второ изложување на инфекција.

+Вакцина

Препарат, кој се добива од живи атенуирани (ослабени) или убиени микроорганизми, нивните токсини или антигени, кои се даваат за создавање на специфичен активно стекнат имунитет против определено заболување.

+Воспаление

Сложена заштитна реакција на организмот која настанува како одговор на повреда на клетките и ткивата од различни патогени фактори. Целта е да се елиминира штетниот агенс, да се ограничи повредата, а после тоа да се регенерира ткивото до нормалната состојба или блиску до неговата нормална состојба. Тоа се карактеризира со зголемување на протокот на крв и навлегувањето на леукоцити во ткивата, кое води до отекување, зацрвенување, зголемена температура и болка.

+Вазоактивни амини

Супстанции, во кои спаѓаат хистамин и 5-хидрокситриптамин, кои ја зголемуваат васкуларната пермеабилност и контракцијата на мазната мускулатура.

+Вирулентност

Силата за создавање на болест на даден микроорганизам, способноста на бактерии, вируси и др. да предизвикаат заболување.

+Гамаглобулин

Серумски протеини, пред се имуноглобулини, кои функционираат како антитела и му помагаат на организмот да се избори со инфекциите.

+Генетски инженеринг

Намерна промена на генетски материјал од одредени генетски процеси. Тоа вклучува воведување на туѓа ДНК или синтетски гени во организмот.

+Гранулоцити

Тип бели крвни клетки (фагоцити), кои содржат гранули во цитоплазмата (т.е. неутрофили, еозинофили и базофили).

+Гранулом

Ткивен јазол, кој содржи пролиферирачки лимфоцити, фибробласти и макрофаги, кој се формира како резултат на воспаление при одговор на хронична инфекција или забележување на антиген во ткивата.

+Додадени супстанции

Супстанции, кои се додаваат кон вакцината за инактивирање на вируси или бактерии, за стабилизирање на вакцината, или заштитување на вакцината, при што таа останува силна со тек на време. Примери на додатоци за вакцина – албумин, алуминиум хидроксид и алуминиум фосфат.

+Домаќин

Жив организам, кој може да биде заразен со инфективен агенс во природни услови.

+Дендритни клетки

Антиген презентирачки имуни клетки, кои иницираат имун одговор преку активирање на лимфоцитите и ја стимулираат секрецијата на цитокини. Дендритичните клетки исто така штитат од автоимуни реакции преку давање на инструкции на Т-лимфоцитите да не реагираат, или да се толерантни кон сопствениот орган.

+ДНК (дезоксирибонуклеинска киселина)

Вид нуклеинска киселина, главен носител на генетскиот материјал на сите клетки и на ДНК – вирусите. Влегува во состав на јадрата на клетките и најчесто има форма како двоверижна спирала.

+ДНК вакцина

Вакцини, кои често содржат „гола“ ДНК (ДНК, која не е поврзана со клетка или вирус), со инструкции за создавање на заштитни антигени. После инјектирање на ДНК од други клетки, се произведуваат заштитни антигени.

+Ефективност

Способност на вакцината да го постигне посакуваниот поволен ефект (и) во реални околности.

+Ефикасност

Максималната способност на вакцината да го произведе посакуваниот ефект.

+Енцефалит

Општ термин, кој ја опишува мозочната дисфункција. Синдром кој се јавува при различни заболувања, при кои во одреден стадиум се зафаќа и мозокот со карактеристични симптоми на квантитативни или квалитативни промени во свеста, смирена или возбудена невролошка симптоматика.

+Ендемичен

Поврзан со определена локација, причинител или болест, кои постојано се појавуваат во таа област.

+Епидемичен

Појавата на болеста во рамките на определен географски реон или население, која е поголема од нормалното ниво за одредено заболување.

+Епидемиологија

Гранка на медицинската наука, која се занимава со зачестеноста, распространетоста и контролата на заболувањата во одредена популација; видови фактори кои го контролираат присуството или отсуството на заболување или патоген.

+Ешерихија коли

Бактерија, која се користи во областа на јавното здравје како индикатор на фекално загадување (на вода или храна) и во областа на медицината или генетиката како организам врз кој се вршат испитувања. Е. Coli постои во различни видови, кои не се штетни и можат да живеат во цревата, или да создаваат токсин при што се предизвикува цревна болест.

+Ензими

Сложени протеини, создадени од живи клекти, катализираат специфични биохемиски реакции.

+Едем

Отекување на ткиво (оток), предизвикано од ненормално насобирање на течност во ткивата.

+Eндоген

Произлегува од внатре, се развива како последица на внатрешни причини, т.е. се создава во организмот.

+Ендотоксин

Токсини, кои се ослободуваат при уништувањето на патогени грам-негативни бактерии. Претставуваат липополисахариди од клеточниот ѕид. Предизвикуваат зголемување на температурата, хипотонија, и други клинички симптоми.

+Еозинофили

Определен вид бели крвни клетки (леукоцити). Еозинофилите уништуваат и отстрануваат протеини кои се туѓи за организмот.

+Еритема

Зацрвенување на кожата поради хиперемија (проток на еритроцити во ткивниот простор).

+Eксудат

Екстраваскуларна течност (материи, кои излегуваат од крвните садови) содржи протеини, клетки и клеточни остатоци, кои се натрупуваат во ткивата за време на воспаление.

+Жива вакцина

Вакцина, која содржи живи, ослабени бактерии или вируси, кои индуцираат активен имунитет.

+Жлезда

Жлездата е орган (клетка или група на клетки), кои произведуваат хемиски супстанции како хормони, ензими и др.

+Заразност

Способност за распространување на болеста, да се предава од човек на човек преку директен или индиректен контакт.

+Запомнувачки Т-клетки

Запомнувачките Т-клетки се создаваат за време на примарниот имун одговор, при кој научиле како да се одбие напаѓачот, и ја користат меморијата за да ги победат следните инфекции.

+Запомнувачки Б и Т клетки

Б и Т клетки, кои остануваат во организмот после активирање на имун одговор, за да се спречат идни напади од истиот микроб.

+Запомнувачки Б- клетки

Се добиваат од активирани Б-клетки специфични за даден антиген при средба за време на прв имун одговор. Овие клетки живеат долго и по потреба се делат брзо како одговор на повторна средба со антигенот. Остануваат во организмот после имуниот одговор, за да спречат идни напади од истиот микроб.

+Идиопатски

Термин, кој опишува заболување од непознат причинител.

+Имунитет

Отпорност против заболување, способност на организмот да го одбие причинителот на заболувањето. Може да биде вроден и стекнат, природен и вештачки, клеточен и хуморален и др.

+Имунизациски календар

Имунизациски календар е утврдена хронолошка шема за имунизација и реимунизација на различни возрасни групи на население. Во Македонија едни од задолжителните вакцини се тие против хепатит, туберкулоза, дифтерија, тетанус и др.

+Имуногеност

Со терминот имуногеност се означува способноста на антигените да индуцираат (предизвикаат) развој на специфичен имунитет во организмот.

+Инактивирана вакцина

Вакцина, направена од инфективен агенс, кој е инактивиран или убиен (без промена на антигеноста), која дава можност за активна имунизација.

+Период на инкубација

Времето од заразувањето на организмот до појавата на првите клинички знаци или симптоми на заболувањето. Кај различните заболувања тој период е со различно долготраење и зависи од причинителот на болеста, организмот кој е засегнат, начинот на навлегување на причинителот во организмот и др.

+Индурација

Стврднување на ткивата, предизвикано од воспаление. Тоа често е знак на инфекција; засегнатата кожа и другите меки ткива може да бидат црвени, задебелени и болни.

+Имунизација

Имунизација е синоним на вакцинација. Тоа е метод на создавање на имунитет со цел специфична профилакса против различни причинители, при кој во организмот се внесуваат убиени или нисковирулентни живи микроорганизми, или дел од нивните клетки, со цел имуниот систем да произведе заштитни антитела без да настане состојба на болест. При следен контакт со тие микроорганизми, организмот брзо ги распознава и започнува да ги напаѓа.

+Имуноглобулин

Имуноглобулин од плазмата, кој функционира како антитело. Заштитни протеини, кои распознаваат и врзуваат макромолекули (антигени) кои се туѓи за организмот, потоа ги обележуваат и предаваат на фагоцитите за да бидат уништени. Имуноглобулините се синтетизираат од клетките на плазмата, кои потекнуваат од Б-лимфоцитите. Постојат пет класи на имуноглобулини.

+Имунологија

Наука, која го проучува имунитетот на организмот против различни агенси и физичко-хемиските основи на имуните реакции.

+Интра

Префикс, кој означува внатре. Интрадермален, интравенски, интрамускулен и др.

+Интрадермален

Во кожата. Интрадермална инјекција – кога лекарството или супстанцијата се поставува во горните слоеви на кожата (дермата).

+Имун комплекс

Комплекс на антитела, со поврзан антиген, кој може да содржи и дополнителни компоненти.

+Имуноген

Секоја супстанција, која предизвикува имун одговор. Сите имуногени се антигени, но не сите антигени се имуногени.

+Интерферони (IFN)

Интерфероните се природни хемиски носители, или цитокини, кои играат важна улога во имуниот одговор на телот кон туѓи патогени – особено вируси и малигни клетки. Како дел од неспецифичниот имун систем, интерфероните дејствуваат во раните фази на вирусната инфекција, пред да започне производството на антитела.

+Интерлеукин (IL)

Цитокин, кој има важно значење во имуните реакции. Интерлеукините се главните учесници во равојот на имуниот одговор против микроорганизми и тумори. Тие се основни компоненти во настанувањето и развивањето на воспалителните реакции.

+Клеточен имунитет

Имуни реакции, кои се посредувани од фагоцитирачките клетки на имуниот систем, а не од антитела или од други хуморални фактори. Се однесуваат на Т-клеточно посредувани имуни реакции.

+Клетки-убијци

Клетките-убијци се вид на лимфоцити, кои директно напаѓаат и убиваат инфицирани клетки или други цели, вклучувајќи и туморни клетки, па дури и сопствените ткива.

+Комбинирана вакцина

Вакцина, која се состои од две или повеќе различни имуногени, физички споени во еден единствен продукт. Комбинираните вакцини имаат за цел да штитат од неколку различни заболувања, или да штитат од неколку видови на еден инфективен агенс, кој е причина за исто заболување. Еден пример на комбинирана вакцина е дифтерија-тетанус-пертусис вакцина.

+Компликации

Медицинска состојба, која се развива за време на лечењето, или во текот на одредена болест, или медицинска состојба.

+Конзерванси

Хемиски додатоци, кои се користат за заштита од бактериски и габични загадувања на вакцините.

+Контраиндикација

Контриндикација е услов или фактор, кој служи како основа за придржување на определено медицинско лечење на пр. вакцинирање. Некои контраиндикации се апсолутни, што ни дава до знаење дека нема основни услови за извршување на дејството кое сакаме да го спроведиме (на пр. вакцинирање). Други контраиндикации се релативни, што значи дека пациентиот е со повисок ризик за појава на компликации, но тој ризик може да биде компензиран со други методи, или намален со преземање на други мерки.

+Клон

Клонот е точна генетска копија на жив организам.

+Колони-стимулирачки фактори (CSF)

Факторите, кои се врзуваат со рецептори на површината на хематопоетичните матични клетки и се причина клетките да се размножуваат и да се диференцираат во специфичен вид крвни клетки.

+Локална реакција

Ограничена реакција, која се јавува на точката на влез на заразување на организмот или на инјекцијата. Исто така се јавува како реакција на местото на инјектирање.

+Лимфоцити

Вид бели крвни клетки, кои учествуваат во имуниот систем. Има две основни категории, Т-клетки и Б-клетки. Лимфоцитите се неразделен дел од заштитните сили на организмот, бидејќи тие се многу специфични за антигени. Се активираат од микроби, туморни клетки, трансплантација, алергии и ткива нападнати при автоимуните заболувања.

+Лимфни јазли

Мали, заоблени структури (жлезди) во лимфниот систем, кои содржат колекција од лимфоцити (вид бели крвни клетки), поврзани со лимфните садови. Тие ги филтрираат штетните микроби и токсини и помагаат во борбата со болеста. Лимфните јазли може да се зголемат, кога организмот води активна борба со инфекциите.

+Лимфа

Тоа е течност, како плазмата во крвта, која ги содржи лимфоцитите на имуниот систем и циркулира во лимфниот систем.

+Лангерхансови клетки

Тоа се дендритичните клетки (претставуваат антиген на имуните клетки) на кожата и лигавицата.

+Леукоцити

Бели крвни клетки, во кои влегуваат неутрофили, базофили, еозинофили, лимфоцити и моноцити. Тоа се клетки на имуниот систем, кои учествуваат во заштитата на организмот од инфекции и туѓи тела.

+Минимални интервали за вакцини

Минималниот временски период, кој треба да помине пред да се даде следната доза од истата вакцина со цел да се гарантира дека имуниот систем има време ефективно да одговори на првата доза.

+Макрофаги

Големи клетки, кои вршат фагоцитоза т.е. ги отстрануваат штетните микроби од телото. Се делат на макрофаги во крвта и ткивни макрофаги.

+Мастоцити

Големи клетки во сврзното ткиво, кои посредуваат при алергиски реакции. Мастоцитите играат важна заштитна улога во заздравувањето на раните и штитат од патогени.

+Mоноклонални антитела

Антитела, добиени од една единствена клетка, се користат против специфичен антиген, како малигна клетка.

+Морбидитет

Бројот на нови случаи на заболување кај населението за определен временски период.

+Меморија (имунолошки)

Карактеристика на стекнатата имуна реакција на лимфоцитите при втора средба со даден антиген, со што се создава секундарен имун одговор; побрз, поголем и подолготраен, во споредба со примарниот имун одговор.

+Мутација

Процес, при кој микроб или организам претрпува трајна промена во наследниот материјал. Кога вируси или бактерии мутираат, не се откриваат од имуниот систем и стануваат резистентни на примените вакцини и лекарства.

+Мегакариоцити

Клетки во коскената срцевина кои се одговорни за производството на тромбоцити, неопходни за нормалното згрутчување на крвта.

+Моноцит

Вид леукоцити, големи клетки, се наоѓаат во крвта и имаат фагоцитарна функција.

+Мононуклеарен фагоцитарен систем

Систем, составен од макрофаги, кои имаат способност да проголтаат и уништат туѓи честици, бактерии и други клетки. Се наоѓа во слезината, црниот дроб, лимфните јазли и др.

+Несакан настан после имунизација

Несакана реакција или било какви неочекувани појави кај пациентот, кои настапуваат после имунизација. Бидејќи не постои временска врска, причинско-последичната врска не е задолжително создадена со лечење или вакцина. Несаканите реакции можат да настанат ненадејно, или да се развијат со тек на време.

+Носителство

Присуството на микроорганизам, кој потенцијално може да предизвика заболување, во телото на индивидуата, при што не настанува заболување кај таа индивидуа, но може да доведе до заразување на дуги луѓе.

+Начин на предавање

Механизмите, по кои инфективниот агенс се распространува низ луѓето, кои вклучуваат директни и индиректни методи.

+Некроза

Локална смрт на ткива во живиот организам, при кој неговите функции комплетно престануваат. Може да се однесува на смрт на клетката, ткивото или на целиот орган.

+Неутрофили

Вид бели крвни клетки, циркулирачки фагоцити полиморфонуклеарни гранулоцити. Навлегуваат во ткивата во почетокот на воспалителниот одговор и се во состојба да посредуваат антитело-зависна клеточна цитотоксичност.

+Причинетост (каузална врска)

Врската помеѓу причината и последиците од неа. Ефект, како болест, може да има една или многу причини, како ризик фактори, фактори за појава, или комбинација од фактори (на пр. васкуларна болест настанува од комбинација од фактори, кои вклучуваат генетски фактори и фактори поврзани со начинот на живот).

+Пандемија

Заболување, кое го има зафатено или го напаѓа населението на поширок регион, кога распространетоста на епидемијата се распространува по целиот свет (на пример пандемиите на грип).

+Пасивен имунитет

Имунитет, кој е стекнат после префрлање на антитела (како на пример после инјектирање на серум од лица со активен имунитет). Пасивниот имунитет е ефективен, но заштитата е ограничена и се намалува со тек на време (вообичаено после неколку недели или месец). На пример, мајчините антитела се пренесуваат на доенчето. Тие антитела го штитат бебето во првите 4-6 месеци од животот.

+Патоген

Специфичен причинител на болест, како бактерија или вирус.

+Потентност

Силата на лекарствата, за да се постигне посакуваниот ефект.

+Примарен имун одговор

Одговор од страна на имуниот систем при навлегување на антиген за прв пат. Примарната реакција на имуниот систем се состои од основните IgM антитела и создавање на имунолошка меморија.

+Пат на воведување

Методот, со кој вакцината (лекарството) се внесува во телото. Има пет начини на администрација: интрамускулно, поткожно, интрадермално, интраназално, орално.

+Предавање

Способноста на болеста да се предава од заразено лице или група, кои биле инфицирани. Инфективното заболување може да се предава: по воздушно-капков пат, при директен физички контакт, индиректен контакт, фекално-орално предавање, храна или вода, преку носители или инсекти.

+Повремено

Болест или состојба, која се случува ретко и нередовно.

+Природна инфекција

Инфекција или заболување, предизвикано од бактерии или вируси, кои се наоѓаат во природната средина, како на пример морбили или варичела.

+Плазматски клетки (плазмоцити)

Клетки на имуниот систем. Под влијание на стимулација од антиген В-лимфоцитите се трансформираат во плазматски клетки, кои создаваат антитела. Антителата помагаат за уништувањето на микроорганизмите, така што се врзуваат за нив и ги прават подостапни за фагоцитоза, а исто така го активираат и системот на комплементот.

+Пајерови плаки

Дел од цревата, поврзани со лимфно ткиво (GALT) и како самостојни лимфни јазли, главно во тенкото црево.

+Реимунизација

Давање на дополнителна доза после определен период од истата вакцина, со цел одржување на имунитетот против болеста.

+Реакција (реактивност)

Локални и системски несакани реакции, кои настануваат непосредно после, или во краток временски период после вакцинација.

+Резервоар

Секоја жива и мртва материја во која може да живее и да се размножува еден инфективен агенс, може да служи како извор на инфекција.

+Ризичен начин на живот

Начин на живот, кој ја зголемува веројатноста, дека дадено лице ќе преживее даден настан, или може да биде засегнато од тој настан.

+Репликација

Процес, преку кој еден организам произведува копии на самиот себе, на пример, начинот на кој микробите се размножуваат.

+РНК (рибонуклеинска киселина)

Вид на нуклеинска киселина, која се среќава во сите клетки (како во јадрото, така и во цитоплазмата) и пренесува информација од ДНК до цитолазмата, каде учествува во контрола на определени процеси во клетките (на пр. во биосинтезата на протеините). РНК се открива и во многу вируси (РНК-вируси), каде е носител на нивната генетска информација.

+Ретикулоендотелен систем

Дифузен систем, составен од макрофаги, кои имаат способност да проголтаат и уништат туѓи честички, бактерии и други клетки. Се наоѓа во слезината, црниот дроб, лимфните јазли и др.

+Реципиент

Примател на клетки, ткива или органи од донор при трансплантација, на крв при трансфузија.

+Секундарен имун одговор

Капацитетот на имуниот систем на организмот да ја запамти средбата со специфичен антиген и да реагира побрзо против тој антиген при повторна средба.

+Синдром на Гилен-Баре

Ретко невролошко заболување, кое се појавува кога имуниот систем на организмот ги напаѓа периферните нерви во телото, што води до загуба на рефлекси и трајна парализа. Симптомите вклучуваат слабост, трпнење и зголемена чувствителност, се распространуваат по телото.

+Сериозна несакана реакција

Несакана реакција, која води до смрт или е закана по живот и води до хоспитализација или продолжување на болничкиот престој; исто може да доведе до значителни повреди или неспособност за работа, вродена аномалија или дефект од раѓање. Сериозните несакани реакции треба да бидат предадени на одговоните институции и не се секогаш поради вакцинација.

+Серотипови

Група на микроорганизми, кои содржат иста комбинација на антигени.

+Системска реакција

Општи несакани реакции како зголемена температура, раздразливост, замор, анорексија, повраќање, или периоди на прекумерно и неутешно плачење после вакцинација. Овие реакции можат да предизвикаат загриженост кај родителите и лекарите, но повеќето од нив се комплетно минливи и немаат трајни последици.

+Пречувствителност

Претерано силен имун одговор, кој води до несакани последици, на пример повреда на ткива или органи.

+Серолошка реакција

Реакција за докажување на специфичен антиген или антитело во крвниот серум, на пример, реакција аглутинација, реакција за задржување на хемаглутинацијата, реакција за поврзување на комплементот (РСК) и др.

+Серотерапија

Лечење со серуми, при кое во организмот се внесуваат готови антитела, кои ги неутрализираат микроорганизмите или нивните токсини. Се разликуваат; антитоксични (противтетаничен, противдифтерен и др.), антибактериски (противантраксен) и антивирусни (против хеморагична треска) серуми.

+T-лимфоцити (Т-клетки)

Вид лимфоцити, кои така се викаат бидејќи се создаваат во коскената срцевина, но созреваат во тимусот пред да бидат ослободени во крвотокот. Т-клетките се важни при контролирањето на клеточно-посредуваните имуни реакции и развојот на В-клетки.

+Tолеранција

Специфичен имунолошки недостаток на реакција или способност на организмот да биде помалку чувствителен на одредени супстанции и антигени.

+Токсоид/анатоксин

Модифициран или инактивиран бактериски токсин, кој ја загубил токсичноста, но ги зачувал антигените и имуногените својства.

+Токсин

Отровна супстанција, создадена од микроорганизми, некои животни и растенија.

+Титар

Мерење на релативната сила на антитела или антисерум.

+Тимус

Ендокрина жлезда, составена од два дела и сместена зад градната коска. Се смета за лимфоиден орган, создава лимфоцити и има улога во имуните процеси во организмот.

+Универзална имунизација

Покривање на населението или дел од населението во светот, вообичаено со цел да се гарантира дека конкретен процент од населението (на пр. 80-90%) е имунизиран.

+Фагоцити

Бели крвни клетки, способни да проголтаат и уништат туѓи честички, бактерии и други клетки. Се разликуваат два типа фагоцити: полиморфонуклеарни леукоцити (неутрофилни, еозинофилни и базофилни гранулоцити) и макрофаги.

+Фагоцитоза

Процес на проголтување и уништување на туѓи честички, микроорганизми, клетки и др. од страна на фагоцитите.

+Хронични болести

Заболувања, кои се отпорни и рецидивираат после определен период, често преку целиот живот. Хроничните заболувања можат да бидат лесни како алергиска настинка и сериозни како мултипла склероза.

+Хуморален

Терминот хуморален се користи за означување на антитело-посредуван имун одговор.

+Хистамин

Вазоактивни амини кои присуствиваат во базофилите и гранулите на мастоцитите, кои после дегранулација, предизвикуваат зголемување на васкуларниот пермеабилитет и контракција на мазната мускулатура. Се ослободуваат за време на алергиските реакции.

+Хромозоми

Дел од ДНК, со спирална структура, кои се наоѓаат во јадрата на сите клетки. Содржат наследен генетски материјал. Постојат 23 пара на хромозоми (46 општо).

+Хепатит B и C

Тоа се вируси, кои можат да бидат пренесувани по полов пат, или при контакт со крв и други телесни течности, и предизвикуваат инфекција на црниот дроб, која води до жолтица и инсуфициенција на црниот дроб.

+Хуман имунодефицитен вирус (HIV)

Тоа е ретровирус, кој го причинува синдромот на стекната имунодефициенција (СИДА), заболување кое ја нарушува способноста на организмот да се заштити од инфекција и заболување. Се пренесува со размена на телесни течности или преку контакт со крв.

+Хемаглутинин

Секоја молекула, која предизвикува аглутинација на еритроцитите.

+Целулит

Инфекција на кожата и сврзното ткиво, која се карактеризира со зацрвенување, оток, топлина и болки. Исто така може да предизвика треска или трпнење.

+Цитокини

Цитокините се нискомолекуларни клеточни хормони, создадени од клетките на имуниот систем, кои имаат способност да ги регулираат меѓуклеточните интеракции.

+Црвени крвни клетки

Безјадрена клетка со форма на двојно вдлабнат диск, која содржи хемоглобин и чија функција е транспорт на кислород.

Къде мога да си купя Инсадент Продуктите можете да намерите в аптеките, в Магазини Здраве и Природа и електронен магазин МОМО.КУПИ СЕГА ОНЛАЙН