Two Women Friends Laughing With A Perfect White TeethПАРОДОНТ

Пародонтoт е функционално-ткивен комплекс, кој го опфаќа и одржува забот. Се состои од гингива (венец), периодонтален лигамент (периодонтална врска), алвеоларна коска и гингиво-дентална врска, која вклучува делови од гингивата и периодонталниот лигамент, обезбедувајќи цврстина на пародонталните ткива. При заболување на пародонтот таа прва се нарушува.

Гингиванајпериферната компонента на пародонтот, кој што го покрива коронарниот дел на алвеоларниот израсток, како прикачена гингива и завршува како слободна, заобиколувајќи го вратот на секој заб. Кај здрав пародонт длабочината на гингивалниот сулкус (гингивална бразда) е меѓу 1-2 мм.

Цемент на забот специјализирана минерализирана структура, покривајќи го коренот на забот. Во него се закотвуваат влакната на периодонталниот лигамент. Цементот учествува во процесите на закрепнување после оштетување на површината на коренот. Се разликуваат два вида на цемент:

  • примарен (ацелуларен), кој што се формира заедно со пробивањето на забот;

  • секундарен (целуларен), кој што се формира после пробивање на забот на одговор на функционалните барања.

Периодонциум – богат со клетки на сврзни ткива, што ги опкружува корените на забите. Периодонциумот ја остварува врската меѓу цементот и алвеоларната коска. Изграден е од колагенски влакна, кои што се основни, дополнителни и Шарпееви, како и од клетки – фибробласти, остеобласти, цементобласти и заштитни клетки. При јадење колагенските влакна се поставуваат, така што не дозволуваат забот да притиска на коската.

Основните функции на периодонталната врска се физичка (прикрепување на забот во алвеолата, пренос на оклузионите сили), формирање и ремоделирање, нутритивна (хранење) и сензорска (чувствителна).

Алвеоларна коска – тоа е алвеоларен израсток, изграден од алвеоларна коска, која што ја оформува и ги држи алвеолите на забите. Се формира за време на пробивање на забите и обезбедува прицврстување на периодонталната врска во коските. Постепено се ресорбира и исчезнува после загубата на забите.

Сите структури на пародонтот се богато инервирани и крвоснабдени, благодарение на мрежа од крвните садови, лимфни садови и нервни завршетоци.

guest
0 Коментарa
Вградени отзиви
Вижте всички коментари
Къде мога да си купя Инсадент Продуктите можете да намерите в аптеките, в Магазини Здраве и Природа и електронен магазин МОМО.КУПИ СЕГА ОНЛАЙН
0
Бихме се радвали на вашето мнение. Моля, коментирайте!x
()
x